Не гледај од страна! Учествувај!

Saturday, July 1, 2017

Повик за младинската размена Roma Reporters, Унгарија 2017

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово објавува повик за младинската размена Roma Reporters која што се оддржува од 4 до 13 август 2017 година во Káptalanfüred, во близина на езерото Балатон, Унгарија.


Младинската размена е дел од партнерството помеѓу РРОМА од Македонија, Közös Esély Egyesület од Унгарија и Nevo Parudimos од Романија, поддржано од Еразмус плус програмата и локалната власт на Киспест во Капталанфиред. Предвидено е учество да земаат 54 учесници од горенаведените земји.


Оваа 10 дневна младинска размена има за цел да им овозможи на младите учесници да истражуваат за Ромската култура, историја и уметност, со посебен акцент на визуелните уметности. Младинската размена ќе се базира на методологија на не-формално образование, работа во групи, интеркултурно учење, симулации итн. Учесниците ќе се стекнат со вештини од областа на филмот, филмската продукција, како да прават извештаи и интервјуа и ќе работат со младите професионалци на DIKH TV http://www.dikhtv.hu/
Ќе имаме два профила на учесници, каде што во вториот профил ќе се бара лидери/ки на групата.

Профил на учесници
  • млади Роми и не-Роми од 18 до 25 години ученици и студенти
  • млади кои што не се во образование, работа или обука (NEET - Not in education, employment or training);
  • предност ќе имаат младите на кои што овој проект ќе им биде прво Еразмус плус искуство;
  • да имаат желба да споделуваат знаење и работат во групи;
  • да работат во мулти-културна средина, без предрасуди;
  • да комуницираат на англиски или Ромски/македонски јазик!
  • да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност од како ќе се вратат од Унгарија!
Профил на лидер/ка на група

  • млади Роми и не-Роми од 25 до 28 години;
  • да имаат искуство во младинска работа;
  • да и помагаат на групата;
  • да имаат желба да споделуваат знаење и работат во групи;
  • да работат во мулти-културна средина, без предрасуди;
  • да комуницираат на англиски или Ромски/македонски јазик!
  • да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност од како ќе се вратат од Унгарија!

Трошоци:

  • трошоците за патување, храна и сместување се покриени од страна на организаторите;
  • трошоците за патничко осигурување се на товар на учесниците!

Учесниците ќе бидат сместени во бараките на младинскиот камп во близина на езерото Балатон http://kaptalanfured.kispest.hu/
Патувањето на учесниците ќе биде организирано од страна на РРОМА со мини-бус.

Пријавување:
Можете да се пријавите како учесник/чка или лидер/ка на група со потполнување на една од пријавите дадени подолу. Краениот рок за потполнување на апликациите е 14 јули 2017 година, 18.00 часот!
Апликација за учесници
Апликација за лидер/ка

Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување и да ги покриете трошоците до договореното место на поаѓање. Исто така, доколку бидете селектирани и бидат направени трошоци за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете истите!
ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!