Не гледај од страна! Учествувај!

Thursday, July 20, 2017

Повик за младинската размена FATality, Турција 2017

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово објавува повик за младинската размена FATality која што се оддржува од 15 до 23 август 2017 година во Текирдаг, Турција.
Станува збор за младинска размена поддржана од страна на Еразмус плус програмата со учесници од Украина, Бугарија, Романија, Македонија и Турција. Размената го адресира проблемот со физичката активност кај младите и има за цел низ еден креативен процес на изработка на видеа, симулации и физички активности да им пружи на младите учесници еден незаборавен процес на заедничко мултикултурно учење.
Профил на учесници
  • млади Роми и не-Роми од 18 до 30 години ученици и студенти, млади кои што не се во образование, работа или обука (NEET - Not in education, employment or training);
  • предност ќе имаат младите на кои што овој проект ќе им биде прво Еразмус плус искуство;
  • да имаат желба да споделуваат знаење и работат во групи;
  • да работат во мулти-културна средина, без предрасуди;
  • да комуницираат на англиски, турски или Ромски/македонски јазик!
  • да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност од како ќе се вратат од Турција!
Трошоци:
  • трошоците за патување, храна и сместување се покриени од страна на организаторите;
  • трошоците за патничко осигурување се на товар на учесниците!
  • Патувањето на учесниците ќе биде организирано од страна на РРОМА
Пријавување:
Можете да се пријавите како учесник/чка со потполнување на апликацијата дадена подолу. Краениот рок за потполнување на апликацијата е 5 август 2017 година, 18.00 часот!

Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување и да ги покриете трошоците до договореното место на поаѓање. Исто така, доколку бидете селектирани и бидат направени трошоци за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете истите!
ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!