Не гледај од страна! Учествувај!

Thursday, April 6, 2017

Повик за учество на проектот "Inclusion workers"

РРОМА објавува повик за учество на проектот "Inclusion workers" кој што се реализира во партнерство со 10 младински организации од Македонија, Италија, Романија, Полска и Чешка, предводени од Tmelnik o.s од Чешка. Проектот е поддржан од националната агенција на Република Чешка и Еразмус плус програмата.
Проектот се состои од обука и семинар, како одговор на потребите на младинските организации:
  • да се подигнат капацитетите на 30 младински работници за работа со млади Роми и да се подигне бројот на млади Роми вклучени во младински активности;
  • да се адресира недостигот на искуство и знаење за тоа како да се работи со млади Роми.
Генералната цел на проектот е да се подигне капацитетот на Ромските и не-Ромски граѓански организации за работа со млади Роми.
Конкретни под-цели се:
  • 10-те партнерски организации да се стекнат со искуство за работа со млади Роми;
  • да се зголеми употребата на водичот "9 чекори за работа со млади Роми";
  • да се зголеми активното учество на младите Роми во своите локални заедници;
  • да се промовира не-формалното образование и учењето низ пракса кај младите Роми.
Проектот се состои од три главни активности*:
  • ОБУКА: 8-дневна обука за младинска работа и инклузија, употреба на водичот "9 чекори за работа со млади Роми" во младинскиот камп Марабу, Милковени во Романија. Предложените датуми за реализација се помеѓу 10 и 20 јуни 2017 година.
  • ПРАКТИЧЕН ДЕЛ: По обуката учесниците ќе имаат можност наученото од обуката да го реализираат низ практична активност во своите заедници во матичните земји. За таа цел ќе добијат поддршка од организаторите и партнер организациите вклучени во проектот.
  • СЕМИНАР: Семинар за евалуација и споделување на добрите практики организиран во декември 2017 година. Локација Литомисл (Castel Brewery Litomysl), Чешка.
*Задолжително е учесниците кои што учествуваат на обуката во Романија, да бидат и дел од семинарот во Чешка.
Профил на учесници:
  • млади Роми и не-Роми, со и без искуство во младинска работа и кои што се заинтересирани за младинска работа и работа со млади Роми од 18 до 30 години,
  • да имаат желба да споделуваат знаење и работат во групи;
  • да работат во мулти-културна средина, без предрасуди!
  • да имаат доволно познавање на англискиот јазик за комуницирање и работа во групи;
  • да се слободни и достапни за двете активности во Романија и Чешка;
  • да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност од како ќе се вратат од Чешка!

Трошоци:
  • трошоците за патување, храна и сместување се покриени од страна на организаторите;
  • трошоците за патничко осигурување се на товар на учесниците!

За да се пријавите:
Потполнете го следниот формулар најдоцна до 30 април 23:59 часот! Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!

Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и бидат направени трошоци за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете истите!