Не гледај од страна! Учествувај!

Monday, February 6, 2017

Повик за учесници на проектот „Good practices of Roma Youth Empowerment for Active Citizenship“

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово објавува повик за учесници за проектот „Good practices of Roma Youth Empowerment for Active Citizenship“ кој што е поддржан од програмата Еразмус плус на Европската комисија.


Ова билатерално партнерство со Амаро Форо од Берлин има за цел да го зголеми учеството на младите Роми во европските образовни програми и мобилности, како и во неформалното образование. Проектот ќе им овозможи на учесниците да научат, споделат и разменат искуства од областа на неформалното образование, но и да зајакнат како активни граѓани во борбата против расизмот, ксенофобијата и антициганизмот во модерните општества.
Проектот се состои од повеќе активности, меѓу кои мобилности помеѓу РРОМА и Амаро Форо во Македонија и Германија, локални активности водени и организирани од самите млади итн.
Мобилностите се одвиваат во:
1. 6 - 12 март 2017 година во Кратово, Македонија
2. Јуни 2017 година во Берлин, Германија
Формирање младински групи, планови и активности:
- Од март до август 2017 година.
Профил на учесници:
-  млади Роми и не-Роми средношколци и студенти од 16 до 26 години,
- млади кои што не се во образование, работа или обука (NEET - Not in education, employment or training);
- предност ќе имаат младите на кои што овој проект ќе им биде прво Еразмус плус искуство;
- да имаат желба да споделуваат знаење и работат во групи;
- да работат во мулти-културна средина, без предрасуди!
- да имаат доволно познавање на англискиот јазик за комуницирање! Не ја исклучуваме можноста на меѓусебно помагање и преведување!
- да се слободни и достапни за двете мобилности во Македонија и Германија;
- да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност од како ќе се вратат од Германија!
Трошоци:
- трошоците за патување, храна и сместување се покриени од страна на организаторите;
- трошоците за патничко осигурување се на товар на учесниците!
За да се пријавите:
Потполнете го следниот формулар најдоцна до 28 февруари 18:00 часот! Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!

Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и бидат направени трошоци за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете истите!